Европејците работат се помалку часа, особено мажите, е заклучокот на новата студија која ја објави Меѓународниот монетарен фонд на својот вебсајт. Вкупниот број на работни саат во Европа и вработеноста е вратија на нивото од периодот пред пандемијата, но просечниот број на работни саат по лице и понатаму паѓа, велат авторите на студијата наречена „Анализа на намалувањето на просечниот број работни саати во Европа“.
Медијалниот пресек на работните саати по вработени во Европа изнесува нешто помалку од 37 часа неделно, а мажите и понатаму работат малку повеќе од жените и на работа поминуваат просечно 39,9 часа, додека жените поминуваат 34,7 часа.
Намалувањето на просечното работно време е концентрирано на три групи: млади луѓе, мажи генерално, посебно мажи со мали деца.
Овие резулати се изненадувачки постојани во сите европски земји, се вели во студијата на ММФ. Јазот меѓу родовите во однос на бројот на работни саати се намалува, исто како што се намалува и родовата разлика во стапката на вработеноста, заклучува студијата.
(021)
(фото: PickPik)