ИКЕА ќе ја гради најголемата пловечка фарма на ветар во светот

- Advertisement -

Ingka Group или компанијата-сопственик на ИКЕА аплицираше за дозвола да ја изгради најголемата пловечка фарма на ветар во светот. Ingka Investments, инвестициската гранка на Ingka Group, ќе управува со проектот.

Ingka Investments на проектот ќе соработува со OX2 AB, компанија од Стокхолм. Како што пишува на страницата на OX2, оваа компанија развива, конструира и продава решенија за обновлива енергија кои може да се склаираат и работи на 11 европски пазари. OX2 и Ingka Group претходно соработуваа на пет други пловечки фарми на ветар во Шведска.

- Advertisement -

Тие фарми се Galene на западниот брег, Triton на југот, Aurora помеѓу островите Оланд и Готланд и Pleione и Ran на источниот брег на Готланд. Најновиот проект, кој ќе се вика Neptunus, исто така ќе биде лоциран во близина на брегот на Блекинге во јужниот дел на Шведска.

Neptunus ќе биде лоциран на 50 км од брегот, а ќе се состои од 207 турбини на ветар со максимална висина од 420 метри. Вкупниот инсталиран капацитет на проектот ќе биде 3.100 MW и ќе генерира 13-15 TWh електрична енергија годишно. Проектот има за цел да ги задоволи потребите на населението во регионите Блекинге и Скене.

- Advertisement -

Освен производство на енергија, проектот треба да произведува и 370.000 тони водород годишно. Бидејќи кислородот е нуспроизвод на тој процес, ќе се користи за да се оксидира Балтичкото Море. Кислородот ќе се испушта во делови од морето каде што е забележан недостаток, кој придонесува за намалување на биодиверзитетот во водените површини.

Проектот Neptunus се уште е во рана фаза од развојот и во третиот квартал од 2023 година имал само 1.900 MW од вкупно планираните 3.100 MW капацитет. Ако се оди според планот, Neptunus ќе профункционира во 2030 година.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: ОХ2)

Сподели!
- Advertisement -