ЕУ и Европа може да изгубат 800 милијарди евра ако се покачи нивото на морињата

- Advertisement -

Неодамнешни студии предвидоа дека американскиот брег на Атлансткиот Океан ќе тони по 5 милиметри годишно, а крајбрежните населби ќе имаат постојани поплави, пишува Interesting Engineering.

Една нова студија исто така ја процени и штетата која ќе ја предизвика покачувањето на нивото на морињата и океаните во Европската унија и во Обединетото Кралство. Според новата студија, штетата од таквото сценарио се проценува на 872 милијарди евра до крајот на овој век.

- Advertisement -

Авторите на студијата анализирале податоци од 271 регион во Европа за да ги проценат економските последици од почакувањето на нивото на морето до 2100 година. Анализата била направена за сценарио во кое има многу голема емисија на стакленички гасови и претпоставува дека нема да бидат преземени други мерки за заштита на крајбрежните региони после 2015 година.

Истражувачите потенцираат дека тие интегрирале претходен економски модел со податоците за ефектите од покачувањето на нивото на морињата, инвестициските трендови и дистерибуцијата на економската загуба предизвикана од 155 поплави во Европа во периодот од 1995 до 2016 година.

- Advertisement -

Тие направиле и посебни проекции за загубите кои би ги претрпеле конкретни сектори. Така, главната финансиска загуба од максимум 21% ќе биде врз регионалниот БДП до 2100 година, а најмногу ќе биде концентрирана во крајбрежните области како Венето и Емилија-Ромања во Италија и ЗАходнипоморские во Полска. другите региони со релативно висока економска загуба ќе бидат Балтичкото Море, брегот на Белгија, западна Франција и Грција.

За споредба, внатрешните региони како Германија, Австрија и Унгарија ќе имаат раст на регионалниот БДП од 1% до 2100 година.

- Advertisement -

Студијата е објавена на 18 јануари во весникот Scientific Reports.

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -