Најголемата хрватска туристичка компанија Valamar Riviera ќе ја забрани употребата на пластични сламки

- Advertisement -

Најголемата хрватска туристичка компанија се приклучи на еколошката акција за заштита на околината која неодамна во своите хотели, ресторани и барови ја стартуваа најголемите хотелски синџири во светот Marriott и Hyatt.

Како што пренесува Poslovni Puls, гостите на Valamar Rivierа од 1 агуст повеќе не можат да добијат класични, пластични сламки, туку исклучиво биоразградливи сламки од целулоза. Имено, најголемата хрватска туристичка компанија со ова се приклучува на светската зелена акција за исфрчање од употреба на пластичните сламки. Неодамна истото го направија и некои од најголемите синџири на хотели во светот.

- Advertisement -

Пластичните смалки, кои се произведуваат за само неколку секунди, во просек се користат секои десет минути, а се разградуваат дури 500 години.

„Горди сме што сме првата хрватска туристичка компанија која повеќе нема да ги користи штетните пластични сламки, Сламките повеќе нема да се даваат со пијалаците, туку стандард во нашите објекти ќе бидат исклучиво биорзградливи сламки. Најпрвин ќе ги тргнеме од употреба во сите објекти Valamar Collection и Valamar Hotels & Resorts, а потоа и во сите ресторани и барови во Valamar Rivierа. Ние секако сме исклучително посветени на зачувување на околината и одржливиот начин на работа и веруваме дека ова е многу битен чекор кон намалување на пластичниот отпад“ изјави Дарио Кинкела, директор за храна и пијалаци во Valamar Rivierа.

- Advertisement -

Исфрлањето од употреба на пластичните сламки е дел од амбициозниот европски план според кој до 2030 година сета пластична амбалажа на пазарот на Европската унија мора да биде погодна за рециклирање. Затоа Европската комисија предлага забрана на пластичните производи, меѓу кои и на пластичните сламки, кои сочинуваат руи 70% од отпадот на европските плажи и околу половина од отпадот кој гфи загадува морињата и океаните.

Сподели!
- Advertisement -