Лидл започнува со изградба на дистрибутивниот центар во индустриската зона Речица

- Advertisement -

Германската компанија „Лидл“ утре официјално ќе започне со изградба на логистичкиот дистрибутивен центар во индустриската зона Речица, во Куманово.

Kако што пренесува порталот Kumanovo news Лидл ја купи парцелата во септември минатата година, а земјиштето со површина од 17 хектари го плати 5,3 милиони евра. Во дистрибутивниот центар се предвидува да се  вработат стотина работници.

- Advertisement -

На денешниот настан ќе бидат присутни претставниците на Лидл, Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, вицепремиерот Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и германската амбасадорка Петра Дрекслер.

Извор – Kumanovonews
Фото – Wikimedia

Сподели!
- Advertisement -