Google планира да воведе вештачка интелигенција во својата технологија за автомобили Android Auto. Вештачката интелигенција за оваа намена е осмислена за на возачите да им овозможи да останат фокусирани на патот, а истовремено да можат безбедно да комуницираат додека се зад воланот. Новата верзија на Android Autо ќе користи AI за автоматско сумирање на долгите пораки или на многу активните групни четови за полесно да се деѓигрираат во текот на возењето.
Системот ќе може на возачот да му предложи релевантни одговори кои ќе може да се прикажат на главниот екран на автомобилот, што е најбитно, без допирање на паметниот телефон. Технолошкиот гигант вели дека новиот систем Android Auto на корисниците ќе им овзоможи да уживаат во најдоброто од својот паметен телефон во автомобилот.
Од Google додаваат дека, на пример, возачот ќе може лесно да пристапи до некоја локација и да се сподели со пријатели, а тие пријатели да ја вклучат во својот систем на Maps со едноставно притискање на копче.
Ажурирањето на системот е најавено за
Ажурирањето е најавено за во понеделник.
(Zimo)
(фото: Android)