Tesla планира на средината на 2025 година ќе почне со производство на ново електрично возило за масовниот пазар со кодно име Redwood. Ова го означува поместувањето на траекторијата на компанијата кон поевтини електрични автомобили.
Инсајдери ова ново возило на Teslа го опишуваат како компактен кросовер. Redwood е во склад со визијата на шефот на Teslа, Илон Маск, за производство на поекономични електрични возила. Планот вклучува модел со почетна цена од 25.000 долари, кој ќе треба да се натпреварува со поевтините возила на бензински погон и попристапните електрични возила како тие на кинески BYD.
BYD ја надмина Teslа како водечки производител на електрични возила во последниот квартал на 2023 година. Маск, кој вети автомобил од 25.000 долари уште во 2020 година, сега повторно се врќаа на стариот план. Моментално најевтиниот автомобил на Teslа е Model 3, со почетна цена од 38.990 долари во САД.
Tesla планира да претстави и поекономично роботизирано такси возило, како и електричен автомобил од 25.000 долари базиран на истата архитектура на возила, според увидите во биографијата на Волтер Ајзаксон за Илон Маск.
(Reuters)
(фото: Flickr)