A1 Net Protect спречи повеќе од 7 милиони интернет заканиво 2023 година!

- Advertisement -

Благодарение на A1 Net Protect, во 2023 година се спречија повеќе од 7 милиони закани од Malware, Phishing и Cryptojacking напади. Статистиката говори дека минатата година преку оваа услуга се спречени 7 милиони Malware и 3 милиони Phising напади.

Преку A1 Net Protect, А1 Македонија обезбедува уникатна заштита од интернет закани за да ги задржи корисниците безбедни додека користат секакви уреди независно дали се дома или во движење. 

- Advertisement -

Net Protect е услуга која го штити мобилниот уред од најразлични сајбер закани, небезбедни сајтови, вируси, веб-страници за кражба на лични податоци, малвер софтвери и нуди безбедност на мрежно ниво, што го отежнува пристапот на напаѓачите до податоците на мобилниот уред. Со ова, додека корисникот е поврзан на мобилната мрежа на А1, услугата автоматски ги детектира и блокира небезбедните веб-страници и апликации при што испраќа известување за детектирана интернет закана.  

A1 Net Protect функционира директно преку мобилната мрежа на А1 Македонија и останати роаминг партнери и нема потреба за инсталација на никаква дополнителна апликација или софтвер. Доколку корисникот инсталира или сака да пристапи до веб страна која е опасна и може да содржи вируси или друг тип на малвер, A1 Net Protect го блокира пристапот и го известува корисникот дека апликацијата/веб страната може да му наштети.  

- Advertisement -

Оваа услуга е дел од заложбата на А1 Македонија на своите корисници да им го обезбеди најдоброто корисничко искуство на најбрзата мрежа.  

 Со A1 Net Protect вашиот мобилен телефон е заштитен од: 

- Advertisement -
  • Phishing – Обид да се преземат лични податоци за лице преку лажна е-мејл адреса или веб-страница, односно обид за кражба на идентитет.  
  • Malware – Малициозен софтвер кој навлегува во мобилниот уред и предизвикува штета.   
  • Botnets – Злоупотреба на мобилниот уред за испраќање спам, вируси или лични податоци без да забележите. 
  • Spamsites – Веб-страници кои прикажуваат лажни реклами кои ветуваат, на пример, дополнителни бенефити, попусти, награди или поволни цени.  
  • Compromised – Хакирани веб-страници кои се користат за дистрибуција на малициозен софтвер.  
  • Cryptomining – Генерација на дигитални валути (на пример, биткоини). Напаѓачите се обидуваат да „копаат“ дигитални валути со помош на корисничкиот уред и без знаење на корисникот. Уредот станува побавен и троши повеќе електрична енергија.  

 А1 Net Protect во првиот месец на активација е достапен за 0 денари, а потоа чини 29 денари месечно. 

Услугата A1 Net Protect може да биде активирана преку СМС со текст START PROTECT на 140 007, преку апликацијата Мојот А1, со јавување во Контакт центар на 077 1234 или во најблискиот продажен салон на А1. 

Дознајте повеќе на: https://www.a1.mk/a1-net-protect

Сподели!
- Advertisement -