Германија воведува експеримент – 4-дневна работна недела

- Advertisement -

И Германија ќе воведе работна недела од 4 дена како експеримент.. Експериментот, во кој учествуваат 45 компании, ќе почне на 1 февруари и ќе трае шест месеци, а вработените ќе можат да ги задржат досегашните плати и покрај намалените работни часови. 

Германски компании учествуваат во експеримент во кој поради хроничен недостиг на работна сила ќе се воведе четиридневна работна недела и ќе се мери продуктивноста на работниците, пишува Блумберг. 

- Advertisement -

Состојбата на германскиот пазар на труд, и покрај падот на индустриското производство, е лоша. Се предвидува дека до 2035 година, повеќе од седум милиони луѓе ќе го напуштат германскиот пазар на труд како резултат на комбинација на пад на наталитетот и стареење на населението.

Скандинавските земји веќе го применуваа овој експеримент. Се покажало дека на ваков начин работниците се попродуктивни и има баланс меѓу личниот и професионалниот живот.

Сподели!
- Advertisement -