Најголемата светска продавница за накит ќе користи само рециклирано злато и сребро

- Advertisement -

Најголемата светска продавница за накит според количината продадени производи, Pandora, одлучи да престане да користи ископано злато и сребро. Исто така, во производството на накит ќе се употребуваат само рециклирани благородни метали, за кои е потребна помалку енергија за производство, а се со цел да се намали емисијата на јаглерод диоксид.

Според годишниот извештај на оваа компанија од Данска, секоја година купуваат околу 340 тони сребро и 1 тон злато, а преку производните процеси испуштиле 264.224 тони јаглерод диоксид само во 2022 година.

- Advertisement -

Со користење на рециклирани, наместо новоископани метали, Pandora, која е позната по своите алки од 65 дo 95 долари, ќе ја намали индиректната емисија на јаглерод за околу 58.000 томи годишно, велат од компанијата.

Како што наведуваат, синџирите за снабдување со рециклирани метали претставуваат ризик затоа што украденото злато може да се продава како отпад за рециклира, но поради тоа е тешко да се докаже потеклото на металите кога ќе се истопат.

- Advertisement -

За да ги ублажат ризиците, Pandora одлучи да користи стандард кој го разви светскиот Сивер за одговорен накит (Responsible Jewellery Council), кој ги исклучува златниците и златните прачки јаји извор на рециклирано злато, велат од британската агенција.

Pandora во 2022 година продала 103 милиони парчиња накит, кој го произведува во две фабрики на Тајланд, а гради трета фабрика во Виетнам.

- Advertisement -

И нејзините конкуренти, како што се Monikа Vinader и Misome, ка истакнуваат својата стопроцентна употреба на рециклирано сребро и злато.

Reuters наведува дека рафинериите за мета рециклираат сребро од индустриски катализатори, рендгенски зраци, електронска опрема и стар сребрен прибор, а рециклирано злато добиваат од отпад од производство на накит, како и од стар накит.

(Tanjug)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -