Швајцарци открија вирус кој ги убива бактериите додека спијат

- Advertisement -

После шест години истражување, научници од Универзитетот во Базел и ETH во Цирих, Швајцарија, идентификуваа потенцијално револуционерно оружје во борбата против супер бактериите – вируси кои можат да ги таргетираат и да ги елиминираат заспаните бактерии.

Бактериите влегуваат во состојба на целосно мирување кога има недостиг на хранливи материи или стрес, така штитејќи се од надворешните закани, како што се вирусите и антибиотиците. И покрај бројните обиди, пронаоѓањето бактериофаги кои можат да ги нападнат заспаните бактерии досега им беше недостижно на научниците.

- Advertisement -

Микробиологот Александер Харнс верувал во постоењето на такви бактериофаги, меѓутоа со оглед на огромниот број бактериофаги, секогаш бил уверен дека еволуцијата морала да произведе некои кои можат само да се пробијат во узаспаните бактерии.

Харнс и неговиот тим откриле нов бактериофаг наречен „париде“ на растителен материјал во распаѓање, кој се наоѓал на некои швајцарски гробишта. „Париде“ покажал ефикасност против вообичаените бактерии псеудомонас аеругионоса, познати по предизвикувањето тешки респираторни заболувања, особено во болнички услови. Комбинацијата на „париде“ со антибиотикот „меропенем“ резултирала со извонредна елиминација на аеругиноса во 99% од лабораториските тестирања. Оваа комбинација се покажала ефикасна и во тестирањата на глувци.

- Advertisement -

Студијата за ова истражување е објавена во списанието Nature Communications.

Иако точниот механизам на делување не е целосно сфатен, изгледа дека „париде“ би можел да биде молекуларниот клуч за отстранување на одбраната на бактериите и овозможување на антибиотикот да делува.

- Advertisement -

(Science Alert)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -