Заврши првата фаза од развојот на нуклеарен реактор за напојување на населбите на Месечината

- Advertisement -

Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека завршила почетната фаза од развојот на проектот Fission Surface Power Project. НАСА активно работи на стабилен извор на енергија за идните колонии на Месечината. Истражувањето на површинските сили на фисијата има потенцијал да овозможу одржливи операции не само на Месечината, туку и на Марс.

Во 2022 година НАСА додели три договори вредни 5 милиони долари на своите партнери за развој на концептуални дизајни за мали нуклеарни фисики реактори, кои би се користеле на лунарната површина.

- Advertisement -

„Демонстрацијата на нуклеарен извор на енергија на Месечината е потребн за да докажеме дека тоа е безбедна, чиста и стабилна опција. Лунарната ноќ е предизвик од техничка перспектива така што изворот на енергија како нуклерниот реактор, кој работи независно од Сонцето, е опциј за долгорочните истражувања и научните напори на Месечината“ велат од НАСА.

Од вселенската агенција истакнаа дека идејниот проект мора да вклучува системи за претворање на енергијата во реакторот, механизми за одбивање на топлината и системи за управување и дистрибуција на енергијата.

- Advertisement -

НАСА ја задржа отвореноста за таа идеја и ја поддржува иновативноста на своите комерцијални парнери, така што дозволи размислување „надвор од кутијата“. Меѓу зададените спецификации за моделот на реакторот е тежината помала од шест тони и можност за производство на 40 kW електрична енергија. Таа електрична енергија ќе биде доволна за демонстрацијата, со дополнителна моќност достапна за напојување на лунарни домови, ровери, резервни мрежи и истражувачки мисии. Околу 40 kW енергија е доволна за напојување на 33 домаќинства во САД.

НАСА ги повика партнерите да дизајнираат реактор кој би можел да работи автономно десет години без човечка интервенција.

- Advertisement -

По завршувањето на втората фаза во 2025 година, лансирањето на реакторот е планирано за почетокот на 2030-тите години.

(Zimo)

(фото: Rolls Royce)

Сподели!
- Advertisement -