Месечината се намалува и тоа е проблем

- Advertisement -

Делот од Месечината околу кој се води меѓународна трка поради тоа што можеби се наоѓа во мразот на нејзината површина, може да биде проблематичен и поопасен отколку што се мислеше првобитно.

Интересот за јужниот пол на Месечината се зголеми поради успешното слетување на индиската мисија Chandrayaan-3 на него на крајот на минатата година. Посебно зата што само неколку дена претходно тоа не успеа да го направи руската мисија Luna-25.

- Advertisement -

И НАСА го избра тоа место за слетување на мисијата Artemis III, која би можела да означи враќање на астронаутите на природниот сателит на Земјата веќе во 2026 година. Исто така, не смее да се исклучи ни Кина, која има планови за поставување населба на тој дел од Месечината.

“Не го откриваме ова за да ги исплашиме или да ги обесхрабриме идните истражувања на тој дел од јужниот пол на Месечината, туку за да ги предупредиме дека не е толку бенингно место на кое ништо не се случува“ вели главниот автор на студијата, Томас Вотерс, кој е почесен научник во американскиот Центар за земни и планетарни студии на Националниот музеј за воздухопловство и вселенски музеи.

- Advertisement -

И додека сето тоа звучи одлично во теорија, во пракса би било поинаку. Студијата финансирана од НАСА покажа дека јадрото на Месечината постепено се лади и се намалува, а неговата површина се збрчкува како, создавајќи на тој начин потреси кои траат со саати, а се создава и лизгаење на земјиште. Тоа е потенцијална закана по безбедноста на идните населеници и на опремата која ќе се постави таму.

Месечината се има намалено за 45 метри во обем во текот на последните неколку милиони години, што не е многу за да предизвика какви било проблеми на Земјата. На површината на Месечината сликата е поинаква. И покрај тоа што изгледот го сугерира тоа, Месечината уште е врела во внатрешноста, поради што е сеизмички активна. Постои надворешно јадро кое се топи и се лади. Додека се лади, Месечината се намалува, внатрешниот волумен се менува и кората мора да се прилагоди на таа промена, вели Вотерс.

- Advertisement -

Бидејќи површината на Месечината е кревка, тоа предизвикува пукнатини, кои се многу млади. Тоа значи дека на Месечината постојано нешто се случува, а најголем проблем се потресите. Најсилниот забележан земјотрес имал магнитуда од 5 степени според Рихтер. На Земјата тоа би бил умерен земјотрес, но помалата гравитација на Месечината значи дека таму е силен . Поради недостигот на гравитација, дури и мало потресување би го срушило човекот на тло.

(N1)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -