Пизоелектричен завој за побрза регенерација на скршени коски

- Advertisement -

Регенерацијата на коските е сложен процес, а постоечките методи за помош во регенерацијата имаат ограничувања како што се високите цени. Истражувачки тим од јужнокорејскиот институт KAIST, предводен од професорот Сеунгбум Хонг од Катедрата за науки и инженеринг на материјали, најави развој на биомиметичка скала која генерира електрични сигнали после примената на притисок со користење на единствените остеогени способности на хидроксиапатитот (HAp), минерал кој природно се појавува во коските.

HAp е основен калциум фосфатен материјал кој се наоѓа во коските и во забите, а поснато е дека оваа биокомпатибила минерална материја го спречува кариесот и често се користи во пастите за заби.

- Advertisement -

Претходни студии ги потврдија ефектите на пизоелектрицитетот врз регенерацијата на коските и подобрувањето на фузијата на коските во различни материјали на база на коски, но беа ограничени во симулација на сложена клеточна средина потребна за оптимална регенерација на коскеното ткиво.

Новото истражува предлага нова метода за користење на единствените остеогени способности на HAp за развој на материјал кој ја имитира околината за коскеното ткиво во живо тело.

- Advertisement -

Истражувачкиот тим развил производен процес кој го спојува HAp со полимерен филм Флексибилнaта и самостоечка скала развиена со овој процес го покажа својот извонреден потенцијал за поттикнување на регенерацијата на коските преку ин витро и ин виво тестови на глувци.

Тимот, исто така, ги идентификувал принципите на регенерација на коски на кои се базира нивната скала. Користејќи микроскопија на атомска сила, ги анализирале електричните својства на скелетот и ги процениле деталните површнски својства поврзани со формата на клетките и создавање протеини на клеточниот скелет. Исто така, ги истражувале и ефектите на пизоелектрицитетот и својствата на површината на експеријата на факторот на раст.

- Advertisement -

Професорот Хонг вели: „Развивме пизоелектричен композитен материјал на база на HAp, кој може да делува како коскен завој со својата способност да ја забрза регенерацијата на коските. Ова истражување не само што сугерира нова насока за дизајнирање биоматеријали, туку е значајно затоа што ги истражило ефектите на пизоелектрицитетот и својствата на површината на регенерацијата на коските“.

Студијата за ова истражување е објавена во списанието ACS Applied Materials & Interfaces.

(Vidi.hr)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -