Уметнички дела базирани на вештачка интелигенција изложени во музеј во Њујорк

- Advertisement -

Откако на сцена се појавија различни алатки со вештачка интелигенција,многу уметници експериментираат со нив. И дод ја некои сметаат дека вештачката интелигенција ги копира нивните стилови и не ја поддржуваат, други ја користат за дополнително да ја изразат својата креативност.

Така, американската уметничка Стефани Симонс ја искористи вештачката интелигенција за да создаде нови уметнички дела, за кои ја доби наградата LG Guggenheim 2023 за уметници кои ги поместуваат границите во технолошката уметност.

- Advertisement -

Своите три најнови дела ги изложи на програмата Late Shift x Stephanie Dinkins, која е одржана во музејот Гугенхајм во Њујорк. Вештачката интелигенција е интегрален дел од уметничката пракса и визија на Дикинс и ги истражува начините на кои AI може да стане по пристапна и поинклузивна.

Делата како “Not the Only One Avatar image 2023 brain (N’TOO)”, “The Stories We Tell Our Machines” и “WisdomBot” се фокусирани на интеракцијата меѓу вештачката интелигенција прикажана на LG OLED екраните и публиката. Нивната суштина е во тоа што секој може да придонесе во обликувањето на начинот на кој вештачката интелигенција го сфаќа светот.

- Advertisement -

LG и Гугенхајм заеднички работат на препознавање и промовирање на уметниците кои бараат нови хоризонти на технолошката уметност.

(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -