Познатиот аналитичар Минг-Чи Куп неодамна предупреди дека Apple годинава очекува значителен пад на побарувачката за нивните телефони. Има повеќе причини за тоа, а едната е повторниот подем на Huawei во Кина.
Другата се однесува на најголемиот конкурент на Apple на пазарот а паметни телефони – Samsung. Имено, овој јужнокорејски гигант со години развива телефони со флексибилни екрани, а последните модели имаат и интегрирана вештачка интелигенција.
Apple прилично заостанува на тие две полиња и аналитичарите веруваат дека тоа краткорочно ќе се одрази на нивната продажба.
Сепак, Кук е свесен дека не може долго да ги игнорира тие трендови во иднина очекуваме вештачка интелигенција на Apple, како и уреди со флексибилни екрани. Како и сите други компании, Apple го забрза развојот на вештачката интелигенција и нивната AI ќе биде достапна за корис јците на iPhone со крајот на оваа година, но не е познато дали ќе ја користат сите сопственици на iPhone со најновата надградба на оперативниот систем iOS 18.
Според информирани извори, Apple за 2-3 години отсега ќе претстави и уред со флексибилен екран. Тоа нема да биде телефон, туку таблет. Така,компанијата во 2026 или 2027 година може да претстави таблет со флексибилен екран, кој треба да го замени iPad mini. .
Но, Apple размислува и за поголеми уреди од флексивилен iPad, па планираат и да направат флексибилен екран со дијагонала 20,25 инчи, но не пред 2028 година.
(GSM Arena)