A1 Македонија со нов циклус работилници за едукација на децата за безбедно користење на интернет

- Advertisement -

Едукативната програма за деца – “Интернетот не e само игра…Кликај безбедно!” на А1 Македонија продолжува и во второто полугодие од учебната 2023/2024 година. Новиот циклус работилници започна токму на Светскиот ден за побезбеден интернет со предавање во О.О.У. „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје за учениците од 4-то одделение.

„Интернетот не e само игра… Кликај безбедно!” е програма наменета за најмладите, со која вработените во А1 Македонија, преку интерактивни и интересни предавања, приспособени за возраста и на образовната програма веќе 6 години по ред ги запознаваат учениците од четврто одделение и го збогатуваат нивното знаење за интернетот, како безбедно да бидат дел од светската мрежа, а притоа како да ги заштитат своите лични податоци.

- Advertisement -

“Со брзиот напредок на технологиите, сведоци сме на зголемено користење на мобилните телефони и интернетот од страна на децата. Како компанија која е двигател на дигитализацијата во нашата земја, имаме одговорност да ги едуцираме најмладите членови на нашето општество одговорно и внимателно да го користат интернетот.  Нашите искусни волонтери преку интерактивни и интересни предавања, ги учат учениците како безбедно да бидат дел од светската мрежа а притоа како да ги заштитат своите лични податоци. Интересот од страна на учениците, наставниот кадар но и на родителите од година в година е се поголем што е потврда дека ваков тип на едукација е повеќе од потребен.“- изјави Елена Димовска, Раководител на одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија.

До крајот на учебната година се предвидени уште најмалку 5 работилници во Скопје и неколку градови во Македонија.

- Advertisement -

За “Интернетот не е само игра…Кликај Безбедно!“

Проектот “Интернетот не е само игра…Кликај Безбедно!” е дел од иницијативата “Интернет за сите” на Телеком Австрија Групацијата, која во Македонија започна во 2018 година. Минатата година како дел од стратегијата Human@Center и ESG програмата под мотото “А1 За подобар свет”, А1 Македонија ја лансираше програмата Корпоративно волонтирање каде се пријавени повеќе од 50 волонтери. 

- Advertisement -

Во рамките на проектот, предавањата досега ги проследиле повеќе од 5000 четвртоодделенци, од 54 училишта и 13 градови во земјава.

Повеќе информации за едукативната програма “Интернетот не е само игра. Кликај Безбедно” се достапни на веб стрaницата на А1 Македонија на Дигитална писменост – A1 .

Сподели!
- Advertisement -