Huawei го симна Apple од тронот

- Advertisement -

Кинескиот технолошки гигант Huawei Technologies повторно го зазеде првото место на домашниот пазар за телефони во првите недели од 2024 година, симнувајќи го со тоа од тронот американски Apple,покажува извештајот на Counterpoint.

Продажбата ја поттикна телефонот Huawei Mate 60 Pro 5G, кој беше пласиран на пазарот минатиот август, а компанијата може да се наслони и на лојалноста на кинеските потрошувачи, велат од Counterpoint.

- Advertisement -

Huawei, истотака, се врати на врвот на листата по прв пат од 2019 година,кога САД го ставија на црната листа и забранија соработка со него поради наводна опасност по националната безбедност.

Apple уште му е зад пети на пазарот во Кина, а конкуренција му се и компаниите Xiaomi, Vivо и Oppo.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -