Apple го подготвува најскапиот iPhone досега

- Advertisement -

Иако до пред неколку дена се зборуваше дека Apple подготвува телефон со флексибилен екран, последниот извештај кој беше направен вчера на технолошките медиуми, дава сосема ново светло на ситуацијата во компанијата. Според тој извештај, Apple веќе некое време развива флексибилен iPhone. 

Уредот на кој работат е телефон на преклоп како Samsung Galaxy Z Flip и Motoroleс RAZR, а не телефон кој може да се отвори и да се користи како таблет.

- Advertisement -

Apple, наводно, развива најмалку два прототипи на флексибилен телефон, a со развојот почнале уште во 2018 година, пред Samsung да го претстави својот прв Fold.

Во извештајот се наведува дека телефоните на Apple со флексибилен екран уште се во рана фаза од развојот и постои можност компанијата да се откаже од нив. Ако одлучат сепак да ги претстават, тоа сигурно ќе биде после 2015 година.

- Advertisement -

Интересно е тоа што досега по интернет кружеа информации дека Apple нема краткорочни планови за развој на флексибилен iPhone, туку се фокусирале на iPad со флексибилен екран од 7-8 инчи. Информациите за флексибилен iPhone се појавија после неодамнешниот извештај на еден аналитичар за проблемите кои би можел да ги има Apple годинава на пазарот за телефони. Како главен извор на тие проблеми го наведе фактот дека Samsung е пред Apple на полето на вештачката интелигенција и заостануваат по прашањето флексибилни телефони кои заземаат се поголем дел од пазарот.

Со новата верзија на мобилниот оперативен систем Apple конечно ќе имплементира AI опции, а според новите информации, работат и на развој на уреди со флексибилен екран, така што сакаат да ги решат и двата споменати проблеми, кои би можеле да влијаат на нивната идна продажба.

- Advertisement -

Треба да нагласиме дека има можност Apple на крајот да се откаже од развојот на таков телефон ако се покаже дека квалитетот не одговара на високите стандарди на Apple или ако во компанијата сметаат дека цената ќе биде превисока, затоа што јасно е дека iPhone Fold ќе биде најскапиот телефон на Apple досега.

(Digital Trends)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -