Австралија ќе воведе закон со кој на работниците ќе им даде право да ги игнорираат неоправданите повици и пораки од своите шефови надвор од работното време без последици по нив, со потенцијални парични казни за работодавците кои ги кршат правилата.
„Правото на одјавување“ е дел од измените на Законот за индустриски односи кои ги предложи сојузната влада во рамките на парламентарните закони, за кои велат дека ќе ги заштита правата на работнциите и ќе помогнат за воспоставување рамнотежа меѓу работата и приватниот живот.
Слични закони кои на вработените им даваат право да ги исклучат своите уреди веќе постојат во Франција, Шпанија и во други земји од ЕУ. Најголем дел од сенаторите изјавија дека го поддржуваат законот, изјави министерот за вработување, Тони Берк.
Оваа одредба ја спречува појавата на неплатена прекувремена работа и на вработениот му дава право да ги прекине врските со колегите надвор од работното време, вели Берк.
„Она што ние велиме едека едноставно некој кој не е платен 24 часа дневно не треба да биде казнет ако не е достапен цел ден“ вели премиерот, Ентони Албанез.
Се очекува дека предлог-законот ќе биде претставен во парламентот подоцна неделава.
„Австралијците работат во просек шест недели неплатено прекувремено секоја година. Тоа во превод е повеќе од 60,13 милијарди долари. Тоа време е ваше, не од вашиот шеф“ велат властите.
(Bizlife)
(фото: Freerange Stock)