Ова се најпосетените градови во светот за 2023 година

- Advertisement -

Кога ќе помислиме на туристички град во кој се е брзо на памет ни паѓаат Лондон, Париз или Бангкок, на пример. Меѓутоа, ниеден од тие светски центри не е на прво место на листата со најпосетени градови за 2023 година според Euromonitor International.

Истанбул се најде на чело на листата, како најпосетен град во светот за минатата година. Оваа економска и културна престолнина на Турција во 2023 година пречекала 20,2 милиони посетители, а за 2024 година тој број се очекува само да расте.

- Advertisement -

Оваа земја неодамна ги ублажи своите услови за туристите од САД и од Канада, Не е ни чудо што градот е толку популарен ако се има предвид бројот на културни места кои може да се посетат, како и спојот на европската и засиката култура.

Само Аја Софија годишно прима околу 3,5 милиони туристи, а влезот за посетителите наскоро ќе чини 25 евра.

- Advertisement -

Лондон се најде на второ место на листата со 18,8 милиони посетители лани, Дубари е на трето место со 16,8 милиони посетители, а Анталија, уште еден турски град, се најде на четврто место.

Ова е целосната листа со топ 10 најпосетени градови за 2023 година:

- Advertisement -

1. Истанбул
2. Лондон
3. Дубаи
4. Анталија
5. Париз
6. Хонгконг
7. Бангкок
8. Њујорк
9. Канкун
10. Мека

(Bizlife)

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -