Остварено рекордно производство на енергија со нуклеарна фузија

- Advertisement -

Научници и инженери од Оксфорд во Англија остварија рекордно производство на енергија со нуклеарна фузија, со што се направи уште еден чекор напред кон остварување на неограничен извор на чиста енергија.

Со користење на Joint European Torus (JET), огромна машина во форма на крофна, произведени се рекордни 69 мегаџули фузиска енергија во траење од 5 секунди, а за тоа се користеле само 0,2 милиграми гориво.

- Advertisement -

Процесот кој ја покренува нуклеарната фузија е истиот кој го покренува Сонцето и другите ѕвезди и се смета за свет грал на чистата енергија.

Експертите со децении работат за да го совладаат многу сложениот процес на Земјата. Ако успеат во тоа, со фузијата би можеле да се генерираат огромни количини енергија и тоа со користење на мала количина гориво и без емитување на јаглерод, кој ја загрева планетата.

- Advertisement -

Научниците за производство на енергија со фузија користеле деутериум и трициум како форми на водород, а кој најверојатно ќе се користи и во комерцијалните фабрики за нуклеарна фузија.

За да произведат енергија во крофнатс ја подигнале температурата на 150 милиони степени Целзиусови, што е десет пати потопло од Сонцето. Со.таа екстремна топлина деутериумот и трициумот се стопите, формирале хелиум, а со тоа ослободиле огромна количина топлина. Крофната е обложена со силни магнетни кои ја држат плазмата внатре. Добиената топлина се користи за производство на електрична енергија.

- Advertisement -

(Klix.ba)

Сподели!
- Advertisement -