Неуронаучници подлабоко ја истражија улогата на горниот коликулус, мал дел од мозокот кој е сочуван низ милијарди години еволуција и открија нешто изненадувачко. Додека тој дел од мозокот е голем кај рибите и водоземците, кај луѓето е со големина од грашок.
Нова студија имала за цел да разбере како животните и луѓето ги разликуваат предметите од позадина, што е мистерија дури и кога видниот кортекс, одговорен а таа функција, е неразвиен или отсутен. Резултатите од тоа истражување се објавени во списанието eLife.
Користејќи оптогенетика, истражувачите го онеспособиле горникот коликулус кај глувци и откриле значајно влијание на способноста на глувците да детектираат предмети околу себе. Тоа укажува на клучната улога која ја игра коликулусот, заедно со видниот кортекс, во толкувањето на непосредната околина. Со следење на очите и снимање на мозочните сигнали откриле зголемена активност на коликулусот кога глувците ги детектирале предметите и за едноставни и за сложени визуелни задачи.
Нашите мерења покажаа дека информациите за визуелните задачи се присутни во горниот коликулус и дека тие информации се присутни во моментот кога глушецот ќе згреши, појаснува неуронаучникот Александер Хеимел од холандскиот Институт за нуронаука.
Ваквиот увид фрла светло на тоа како мозокот ги разликува предметите од позадина, што е битно за задачи во распон од препознавање на пријатели до откривање потенцијални закани. Иако постојат сличности меѓу мозоците на глувците и на луѓето, особено во визуелниот кортекс и горниот коликулус, потребни се понатамошни истражувања за наведените истражувања да се прошират и на луѓето.
Меѓутоа, познато е дека горниот коликулус придонесува за насочување на погледот кај луѓето, а оштетувањето на видниот кортекс не мора нужно да ја елиминира способноста за откривање на визуелни информации.
Нашето истражување покажува дека корниот коликулус би можел да биде одговорен за тоа и затоа може да прави многу повеќе отколку што мислевме, вели Хеимел.
(Science Alert)
(фото: Public Domain Pictures)