Euronews Business ги анализираше даноците во Европа за да види каде луѓето плаќаат највисоки и најниски даноци. Според Tax Foundation, работниците со една плата низ Европа во 2022 година плаќање даноци во висина од 1/3 од платата. Даноците во Европа наголемо порасна изминатите години, а работниците во земјите од Западна Европа и поразвиените земји плаќаат значително повеќе.
Данска (55.9%), Австрија (55%), Португалија (53%), Шведска (52.3%) и Белгија (50%) се некои од земјите со највисоки персонални даноци на приход. Од друга страна, пак, Романија (10%), Бугарија (10%), БиХ (10%), Корово (10%) и Северна Македонија (10%) се земји со најниски даноци во Европа.
Сепак, не сите грашани се незадоволни од високите данови, на пример, Данците, каде што даноците достигнуваат 55.9% од приходите. Во нивниот случај даноците се сметаат за инвестиција во колективната иднина на земјата и на општеството или како еден вид на купување квалитет на живот. Воедно, Данска е на второ место како најсреќна земја во светот според извештајот World Happiness Report за 2023 година.
Таквите даноци во Данска овозможуваат сите граѓани, без оглед на нивниот пол, социоекономски статус или финансиска состојба, имаат еднакви права и можности, со што значително се намалуваат економскиот и општествениот товар. Најголем дел од образованието во Данска е бесплатно, а студентите на факултет добиваат грант од данската влада за да студираат.
Оваа поддршка ја има и на работните места, каде што родителите имаат право на 52 недели породилно отсуство, од кои 32 недели им ги плаќа државата. Данскиот пазар на труд, кој се одликува со флексибилност, таа флексибилност ја нуди и за работодавците и за работниците, а се поттикнува активното учество на пазарот. Тоа им овозможува и на работниците и на државата да имаат сигурност во случај на невработеност.
Токму затоа многумина со задоволство ги плаќаат даноците, особено за јавните услуги кои се вискококвалитетни. Сепак, нивниот систем има и недостатоци. Данска им дава гранотив и на студенти од други земји, коиретко кога остануваат долго време во земјата.
Во Австрија, на пример, даноците достигнуваат 55% од платата, но таму имаат одлични одлични системи за социјално осигурување, здравствено осигурување и пенсизко осигурување, како и осигурување од повреда при работа. Освен тоа, нивните даноци го покриваат и родителското отсутво и невработеноста.
(EuroNews)
(фото: Pexels)