Lenovo овој месец ќе претстави проѕирен лаптоп

- Advertisement -

Lenovo планира да го искористи Светскиот мобилен конгрес, кој секоја година се одржува во Барселона, за да го претстави концептот на својот проѕирен лаптоп. Познатиот типстер од социјалната мрежа X, Еван Блас, објави фотографија од лаптопот.

Како што може да се види од фотографијата, горниот дел од лаптопот е целосно проѕирен OLED екран, а таа технологија компаниите LG и Samsung ја развиваат веќе некое време.

- Advertisement -

Вториот дел од лаптопот исто така е проѕирен,но изгледа дека главните компоненти е сокриени под непровидна кутија. Има и тенка лента околу страните, веројатно за некои апликации, додека остатокот е всушност тастатура на допир, која е вградена во панелот.

Тие што ќе го посетат овој мобилен конгрес во Барселона на крајот на овој месец ќе имаат прилика да го видат овој концепт, но у други интересни уреди.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Х)

Сподели!
- Advertisement -