ВИДЕО: Нов термален нишан може да види куршуми во лет

- Advertisement -

Компанијата Teledyne FLIR Defense на годинашниот саем SHOT Show во Лас Вегас го претстави својот нов далекусежен снајперски нишан ThermoSight HISS-HD. Овој нишан за снајперско оружје со високи перформанси на стрелците им овозможува откривање, идентификување и погодување на целите оддалечени на повеќе од 2.200 метри.

Нишанот се приврстува и едноставно се монтира на кој било интерфејс на носач по е стандардот MIL-STD-1913 пресд постоечкиот нишан. HISS-HD може да се поврзе со различни дневни нишани и платформи на оружје, нудејќи оптика со голем досег и екран со висока резолуција, кој овозможува многу јасни слики за снајперистите, а може да види и обични куршуми во лет, како што можете да се уверите од видеото во прилог.

- Advertisement -

HISS-HD е наменет за мисии кои вклучуваат извидување, заштита на силите и надзор. Со дополнителна флексибилност за управување на далечина, HISS-HD ја подобрува стабилноста на снимање, ги намалува движењата кои може да ги откријат стрелците и е конфигуриран за набљудување на далечина.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -