НАСА бара волонтери за едногодишна симулација на живот на Марс

- Advertisement -

Американската вселенска агенција НАСА бара четворица мотивирани кандидати за едногодишна симулација на живот на Црвената планета. Почнувајќи од напролет 2025 година, четворица волонтери ќе поминат 12 месеци во Mars Dune Alpha во Хјустон, симулациско место со големина од околу 160 квадратни метри, по примерот на замислената станица за истражување на Марс, објави НАСА во петокот.

Истражувачката станица е модуларна 3D печатена конструкција во вселенскиот центар Џонсон во Хјустон. Програмата ќе ги симулира предизвиците на мисијата на Марс, вклучувајќи ги и ограничените ресурси, дефектите на опремата, доцнењето на комуникацијата и стресорите во околината. Задачите на волонтерите ќе вклучуваат симулирани вселенски прошетки, роботски операции, телесни вежби и одгледување посеви.

- Advertisement -

Ова е втора таква симулација која е дел од програмата CHAPEA” (Crew Health And Performance Exploration Analog) на НАСА, која има за цел подготовка за вистински мисии на Марс.

Пријавите се отворени до 2 април, а кандидатите мора да имаат диплома од природни науки, да бидат на возраст од 30 до 55 години, да бидат здрави, мотивирани, непушачи и да имаат американско државјанство или дозвола за постојан престој во САД. Исто така, мора да го владеат англискиот јазик.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: NASA)

Сподели!
- Advertisement -