Откриен можеби најсјајниот објект во вселената – 500 трилиони пати посјаен од Сонцето

- Advertisement -

Астрономи го открија можеби најстариот објект во вселената – квазар со црна дупка во центарот, која расте толку брзо што дневно проголтува материја еквивалентна на Сонцето.

Рекордниот квазар сјаје со светлина 500 трилиони пати појака од нашето Сонце. Црната дупка која е во центарот на квазарот е 17 милијарди пати поголема од сонцето, објави тимот астрономи од Австралија. Студијата е објавена во списанието Nature Astronomy.

- Advertisement -

Според описот на научниците, квазарот е диск кој ротира околу црната дупка во вид на светлечки вртлог од гас и други материи од проголтани ѕвезди, а целиот призор е како еден вид на космички ураган.

„Овој квазар е најнасилното место кое го познаваме во универзумот“ вели главниот автор на студијата, Кристијан Волф од Австралискиот национален универзитет.

- Advertisement -

Европската јужна опсерваторија го забележала објектот J0529-4351 при истражување на небото во 1980-тите години, но сметале дека тоа е ѕвезда. Не е идентификуван како квазар се до минатата година. Тоа го потврдија набљудувањата со телескоп во Австракија во пустината Атакама во Чиле.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -