Пристигнува телефон без ниту една апликација

- Advertisement -


Претстојниот саем за потрошувачка електроника во Барселона, MWC, ќе донесе мноштво иновации, а една од нив може да биде многу необичен тип на телефон. Имено, мнозинскиот инвеститори во T-Mobile, Deutsche Telekom, навести дека наскоро во Барселона може да претстави телефон кој воопшто нема апликации, туку се базира на вештачка интелигенција.

Deutsche Telekom, Qualcomm и Brain.ai ги здружија силите за да го направат тој телефон, кој го нарекоа T Phone. Телефонот веројатно ќе има процесор Snapdragon 8 Gen 3 со вградена AI обработка.

- Advertisement -

Qualcomm го најави овој телефон на крајот на минатата година, а целта е да се одобрат вештините на вештачката интелигенција на мобилните уреди, посебно кога се во прашањ фотографиите и видеата.

Телефонот ќе може да врши работи од типот на резервирање летови и хотелски соби, на пример, а со помош на гласовни команди ќе можете да му наредите да ви го испланира следниот шопинг, да направи виео или да уреди некои фотографии.

- Advertisement -

(b92)

(фото: Max Pixel)

Сподели!
- Advertisement -