За една година регистрирани 91 мала винарија и 2.508 нови  оператори со храна

- Advertisement -

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со директорот на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски и државниот советник за рурален развој, Трајан Димковски беа во работна посета на Виница, каде остварија повеќе средби со земјоделците, мали производители на храна и мали винарии.  При средбите министерот Николовски ги информира земјоделците од Виница за новите можности и мерки што министерството ги креира за поддршка до секој еден земјоделец во 2024 година.

Во својата изјава министерот Николовски истакна дека во Виница бележиме три регистрирани мали семејни винарии, сите три добитници на грантот од 10.000 евра, за поддршка на малите семејни винарии при набавка на опрема за производство.

- Advertisement -

„Нашата успешна приказна во развојот на малите семејни винарии ја започнавме во 2019 година. Преку измени во законот за вино, ги олеснивме критериумите и овозможивме регистрација на физички лица, како производители на вино. На овој начин го отворивме патот за развојот на малите семејни винарии. Денес тие се наша гордост и бренд, по кои како држава сме препознаени во регионот. Од тогаш, до денес, бележиме бројка од вкупно 173 регистрирани мали семејни винарии, успешни приказни кои може да ги сретнеме низ целата држава“ изјави министерот Николовски.

Само минатата 2023 година се бележи регистрација на нови 91 мала винарија. Тоа се 91 семејство, кое традиционалната пракса за производство на вино во домашни услови, ја претвориле во мал бизнис.

- Advertisement -

Преку двата повици за поддршка на малите производители на вино, изминативе две години, се доделени 145 договори за грант поддршка до 10.000 евра на мали семејни винарии за набавката на опрема за производство. Ваквата успешна мерка придонесе дене да имаме 255 регистрирани винарски визби. Само за споредба до 2019 година, пред измените во законот за вино, имаме вкупно 71 регистрирана винарска визба, а денес оваа бројка изнесува 255 регистрирани винарски визби.

Една од успешните мали семејни винарии во Виница добитник на грант до 10.000 евра е малата винарија на Антонио Петров, позната по автентичното вино со мед.

- Advertisement -

Министерот Николовски во Виница оствари посета и на успешни корисници на мерката за грант поддршка до 10.000 евра за набавка на опрема за производство на малите производители на храна. Наум Тренчевски од село Блатец е добитник на грант од програмата за неживотинско потекло, преку која си има набавено систем за мрзнење на јагода со капацитет од 450кг/1час.

Денес има вкупно 2.508 регистирани оператори со храна од животинско и неживотнско потекло, во АХВ, или само во оваа година имаме нови 1.540 регистрирани опрератори со храна од животинско потекло и 420 нови регистрирани опрератори од неживотинско потекло. Овие бројки ги потврдуваат резултатите постигнати во земјоделството.

Сподели!
- Advertisement -