Отворено првото инклузивно Starbucks кафуле во светот

- Advertisement -

Starbucks го отвори своето прво кафуле дизајнирано на купувачите со инвалидитет да им овозможи подобро искуство внатре во кафулето, објави компанијата во соопштение за јавност.

Овој потег е дел од поширока иницијатива за инклузивност, која Starbaks ја презеде а да дизајнира објекти за продажба кои се проодни за сите купувачи. Во секое кафуле кое ќе биде реновирано или отворено во иднина ќе почне да се применува „Рамка за иклузивни простори“, се вели во соопштението.

- Advertisement -

Дизајнот на продавниците ќе ја земе предвид и акустиката со користење материјали кои ја минимизираат позадинскатаа бучава или одекнување, што би можело да ги поремети луѓето кои користат апарати за слушање.

Освен обраќање внимание на деталите во амбиентот, Starbucks велат дека новите продавници ќе го олеснат функционирањето во предниот дел од продавниците со новата подвижна лента, која на купувачите во инвалидски колички им го олеснува движењето низ продавнциите.

- Advertisement -

Шанковите на кои се ставаат кафето и храната исто така ќе бидат спуштени надолу за да се прилагоди пристапот со инвалидска количка и да се подобри комуникацијата меѓу вработените и купувачите, соопштија од компанијата.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Stockvault)

Сподели!
- Advertisement -