Луѓето во оваа долина живеат по 100 години – еве ги петте причини за долговечноста

- Advertisement -

Во малку познатата планинска област наречена долина Хунза, која се наоѓа на далеку на север од Пакистан, изгледа дека луѓето и пркосат на медицината. Тоа првенствено е дом на народите Бурушо и Ваки, кои со векови преживувале и напредувале во оддалечени села, со минимални основни здравтсвени услови. Истражувањата покажале дека тау просечниот животен век е околи 100 години.

Еве неколку нивни навики кои им помагаат на луѓето таму да живеат подолго.

- Advertisement -

Консумираат семенки и масло од кајсија
Стеблата на кајсиите се едно од најбитните култури во долината. Студиите покажале дека семенките од кајсиите може да помогнат во борбата против ракот и другите извори на воспаление во телото, делумно поради соединението наречено амигдалин. Речиси секое традиционално јадење на Хунзите вклучува масло од кајсија. Некогаш се правеле рачно, но сега мештаните користат машини за да го извлечат од набраните плодови, пишува CNBC.

Никогаш не престануваат да се движат
Луѓето овде се здрави и активни во текот на целиот живот, па се до староста. Многу е вообичаено да се видат луѓе во 80-тите години надвор, дури и во зима. Постарите членови на семејствата и понатаму пасат крави и овци, собираат дрва и вршат други домашни работи. Локалците од сите возрасти редовно возат велосипед, лизгаат на мраз и играат спортови како фудбал и крикет.

- Advertisement -

Пијат вода од глечери
Хунза има десетици глечери, кои се топат цело лето. Сјајната темно сива течност, односно Хунза водата долго време била интересна за научниците. За разлика од другите извори на вода, оваа глацијална вода е природно филтрирана низ слоеви на мраз и карпи и содржи драгоцени минерали. Некои тврдат дека водата содржи минерали на кварц во колоидна форма, кои се сметаат за силни антиоксиданси.

Ретко јадат преработена храна
Речиси секое парче месо кое се јаде во Хунза потекнува од животни од локално потекло, кои се неодамна убиени. Луѓето таму ретко кадат преработена храна, а тука сигурно нема да најдете места каде што се продава брза храна. Оброците главно секој ден се приготвуваат свежи дома, а речиси секое домаќинство одглердува некаков вид на зеленчук.

- Advertisement -

Имаат силни вредности на заедништво
Махалите и селата се тесно поврзани, а жителите на Хунза се грижат едни за други, посебно за постарите членови на заедницата. Овде не постојат домови за стари лица. Земејствата многу ги почитуваат најстарите членови и се грижат за нив. Со пректично нула стапка на криминал, доволно е безбедно децата да лутаат сами, дури и кога се многу мали. Ова веројатно е едно од последните места каде што ќе видите повеќе игри на отворено отколку iPad.

(Bizlife)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -