ВИДЕО: Кинески автомобил може да го истресе снегот од себе

- Advertisement -


Кинески електричен автомобил може да вози по дупки без да ги почувствувате, како и самиот да си го исчисти снегот, нечистотијата и водата од себе на сличен начин како што го прават тоа кучињата.

Кинескиот производител на електрични автомобили Nio минатиот месец ја претстави луксузната лимузина Nio ET9, долга 5,33 метри, која е првата што корист архитектура од 900 V. Ова возило се продава по цена од околу 100.000 евра.

- Advertisement -

Меѓу другото, Nio ET9 може да се пофали со батерија со капацитет од 120 до дури 600 kWh, која за возење 255 км може да се наполни за 5 минути.

Сега Nio ја демонстрираше шасијата ET9, со целосно активен паметен суспензиски систем, наречен SxyRide, кој овозможува возилото да се прилагодува на нерамнините на патот.

- Advertisement -

Уште една интересна опција на паметниот SxyRide е автоматско треесење на снегот, што изгледа исто како кога кучето ја тресе земјата или снегот од своето крзно.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Nio)

Сподели!
- Advertisement -