Истражувачи на прагот на создавање универзален противотров за змии

- Advertisement -

Научници од американскиот Истражувачки Институт Скрипс од Ла Џоли, Калифорнија, развија антитело кое може да ги блокира ефектите на смртоносните токсини во отровите на многу змии пронајдени ширум Африка, Азија и Австралија.

Антителото, кое ги штитело глувците од инаку смртоносни отрови на змии, вклучувајќи ја ицрната мамба и кралската кобра, беше опишано во студија објавена на 21 февруари во списанието Science Translational Medicine.

- Advertisement -

Новото истражување користелно форми на токисни произведени во лабораторија за да прегледа милијарди различни човечки антитела и ги идентитфикувало оние кои можат да ја блокираат активноста на токсините. Ова е голем чекор напред кон универзален противотров кој би бил ефикасен против отровите на сите змии во светот.

„Ова антитело делува против еден од главните токсини кои се наошаат во многу видови змии, кои се причина за десетици илјади смртни случаи годишно. Ова може да биде неверојатно вредно за луѓето во земјите со ниски и средни приходи, кои имаат најмногу смртни случаи и повреди од каснување од змии“ вели д-р Џозеф Жардин, автор на студијата.

- Advertisement -

Над 100.000 луѓе годишно, главно во Азија и во Африка, умираат од острови од змија. Моменталните противотрови се произведуваат со имунизација на животни со змиски отров, а секој посебно делува само против еден вид на змија. Тоа значи дека мора да се направат многу противотрови за лекување на каснување од змии во различни делови од светот.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -