Сметководителите ги усогласуваат цените со трошоците на живот

- Advertisement -

Разгледувајќи ги барањата од членовите и тековните економски движења во земјата и во секторот, управниот одбор на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) донесе одлука да им препорача на сметководствените друштва и самостојните сметководители да ги усогласат цените на услугите што ги даваат кон правните лица, како и на платите на своите вработени, со растот на индексот на трошоци на живот (инфлацијата) и растот на минималната и просечната плата во земјата.

Истовремено, раководниот тим на ИСОС одлучи, од средината на март, односно по завршување на поднесувањето на годишните завршни сметки, да спроведе сеопфатно анкетно истражување помеѓу професионалните сметководители во земјава. Сознанијата што ќе се добијат преку ова истражување, заедно со други релевантни податоци, ќе бидат искористени за да се направи детална анализа на состојбата со цените на сметководствените услуги на пазарот и на платите во овој сектор.

Сподели!
- Advertisement -