Фотографија од мечка што спие на „Леден кревет“ победи на изборот фотографии од дивиот свет

- Advertisement -

Волшебната фотографија на Нима Сарихани од поларна мечка што спие ја доби наградата за најдобар фотограф на дивиот свет според изборот на публиката за 2023 година (Wildlife Photographer of the Year), соопшти Музејот на природна историја на Велика Британија.

Насловена „Леден кревет“, фотографијата на Нима беше избрана за шампион на натпреварот на кој гласаа рекордни 75.000 луѓе.

- Advertisement -

Сликата прикажува машка поларна мечка која лежи на мала санта мраз во близина на архипелагот Свалбард. Нима за време на својата тридневна експедиција и потрага по поларни мечки се соочил со доста предизвици, особено поради густата магла, но за среќа на крајот наишол на пар мечки – еден помлад и еден постар мажјак. Фотографијата го доловува помладиот мажјак како прави кревет на сантата мраз под полноќното сонце.

„Чест ми е што ја освоив овогодинешната награда за фотографија на годината на дивиот свет според изборот на публиката, најпрестижниот натпревар за фотографија на дивиот свет. Оваа фотографија предизвика силни емоции кај многумина што ја виделе. Иако климатските промени се најголемиот предизвик со кој се соочуваме, се надевам дека оваа фотографија инспирира надеж. Сè уште има време да се поправи нередот што го направивме’’, порача наградениот фотограф Нима Сарихани.

- Advertisement -

Победничката фотографија на Нима е меѓу речиси 50.000 пријавени од 95 земји на натпреварот.

Целиот текст на Радио МОФ

- Advertisement -

Фото – Nima Sarikhani

Сподели!
- Advertisement -