Америка повторно на Месечината после 50 години

- Advertisement -

Модулот на компанијата Intuitive Machines, кој вчера се спушти на Месечината, го означи враќањето на Америка на земјиниот сателит после повеќе од половина век. Ова беше изведено после мисијата Аполо во далечната 1972 година.

Компанијата Intuitive Machines е основана во 20/13 година од тројца инженери: Стивен Алтман, Кем Гафариан и Тим Крејн. Тие почнале да се занимаваат со давање услуги транспорт на Месечината, испраќање сателити во орбитата на Месечината и комуникација со земјините сателити и моментално има три договори со НАСА на полето лунарен транспорт на товар.

- Advertisement -

Оваа приватна компанија во 2023 година се спои со Inflection Point Acquisition Corporation, која исто така е значаен партнер во вселенската индустрија на САД. Директор на летање и главен комуникатор со јавноста во компанијата е Тим Крејн.

Експертите на компанијата Intuitive Machines дизајнираат дронови, сложени навигациски инструменти, вселенски летал, како и лунарниот лендер Nova-C, кој само што слета на Месечината и за кој НАСА им даде 77 милиони долари да го усовршат и да го направат.

- Advertisement -

(FoNet)

(фото: NASA)

Сподели!
- Advertisement -