Вевчанскикот карневал прогласен за културно наследство од исклучително значење

- Advertisement -

Со оваа одлука се обезбедува трајна заштита на доброто и негова категоризација во согласност со Законот за заштита на културното наследство

Вевчанскиот карневал е прогласен за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење, одлучи Влада на денешната седница. Со ова се овозможува зачувување и афирмација на машката василичарка поворка како дел од зимските обреди со маски, која е зачувана и се практикува во автентична и интегрална форма од локалната заедница во општина Вевчани.

- Advertisement -

„По своите карактеристики „Обредните поворки со маски (карневал) – Василичари во Вевчани“ се издвојуваат со својата автентичност и зачуваност на формите на маските, василичарското оро, верувањата и обредните практики“, наведено е во соопштението од Министерството за култура.

Оттаму додаваат дека за василичарите во Вевчани се утврдува режим на заштита од прв степен, со повеќе мерки на заштита.

- Advertisement -

„Преку поддршка и поттикнување на носителите за изработка на автентични маски ќе се обезбеди одржливост на древната манифестација, ќе се обезбеди пренос на знаењата за изработка на маските и вештините за свирење на традиционалните музички инструменти кои се дел од поворката. Од посебно значење е што традицијата на еден од најстарите карневали во светот ги вклучува и младите генерации и се зачувува како културно наследство“, пишува во соопштението.

Извор – Мета

- Advertisement -

Фото – Министерство за култура

Сподели!
- Advertisement -