Јужнокорејска компанија дава бонус од 75.000 долари за вработените да имаат деца

- Advertisement -

Една компанија од Јужна Кореја на вработените им нуди бонус од 75.000 долари за да имаат деца со цел да им омогне да се зголеми наталитетот во земјата.

Ssangbangwool е компанија за долна облека, која во четвртокот им соопшти на вработените дека ќе им даде 22.400 долари за нивното прво дете, 22.400 долари за второ дете и 30.000 долари за трето дете, пишува The Korea Herald.

- Advertisement -

,,Ниската стапка на наталитетот е голем предизвик кој треба да го надмије нашето општество. Компанијата ќе преземе одговорност и ќе ги направи сите напори за да и помогне на земјата да го зголеми наталитетот“ велат од компанијата.

Како и во Кина и во Јапонија, и во Јужна Кореја преовладуваат постари луше, што значи дека може да се згокеми бројот на пензионирани луѓе на кои им е потребна медицинска нега, додека се намалува понудата на помлади работници.

- Advertisement -

Националната стапка на фертилитетот во 2022 година била 0,78, а стапката на наталитет во Сеул,каде што живее дури 1/5 од населението во земјата, била дури и пониска – 0,59, покажуваат најновите статистички податоци на владата.

На Јужна Кореја и е потребна стапка на фертилитет од најмалку 2,1 за да ја одржи сегашната популација. Претседателот на земјата, Јун Сук Јеол, на 13 февруари и нареди на својата администрација да направи даночни олеснувања и субвенции за компаниите кои ги мотивираат своите вработени да имаат деца.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -