Необичен метал кој не е од Земјата пронајден во Шпанија

- Advertisement -


Среде складиште со блескаво злато од ибериската бронзена доба во Африка пронајдени се алка и полукруг направени од материјал кој паднал од небо. Имено, ова откритие покажа дека тие парчиња накит се направени од метеорит кој паднал на Земјата.

Богатството Вилене е познато наоѓалиште на 66 главно златни предмети, откриено пред повеќе од 60 години, односно во 1963 година во Аликанте во Шпанија и оттогаш се смета за еден од најбитните примери на златарство од бронзената доба на Пиринејскиот Полуостров.

- Advertisement -

Меѓутоа, до некаде тежко е да се одреди староста на збирките благодарение на два предмети: мала шуплива хемисфера, за која се смета дека е дел од жезол или меч, и една алка налик. И двете имаат она што археолозите го опишаа како железен изглед, но само изгледа како да се направени од железо.

На Пиринејскиот Полуостров железната доба не почнала се до околу 850 пр.н.е. Проблемот е во тоа што материјалот од кој се направени датира од 1500 до 1200 година пред нашата ера.

- Advertisement -

Постои начин да се утврди разликата: железото од метеоритите има поголема содржина на никел од железото ископано од Земјата. Затоа истражувачите добиле дозвола да ги тестираат артефактите и утврдиле дека ова се првите пронајдени артефакти на Пиринејскиот Полуостров кои се направени од материјал добиен од метеорити.

(Science Alert)

- Advertisement -

(фото: www.tanchen.net)

Сподели!
- Advertisement -