Ова е највисоката црвена турибна на ветар во светот. Висока е 150 метри и произведува 2 мегавати енергија, што е доволно за 400 домаќинства.
Дрвената кула е направена од 144 слоеви дрво, од кои секој е дебел по 3 мм. Дрвото е ставано во различен правец за да се испреплете и да се создаде многу цврста структура. Турбината ја направи шведскиот стартап Modvion, а е поставена во близина на Гетенбург.
Се наоѓаме среде една глобална енергетска транзиција кон обвновливи извори на енергија, па компаниите од целиот свет сакаат да постават што поголеми турбини за да ја искористат енергијата на посилните ветришта. Но, предизвик е нивната изградба затоа што за да ги издржат посилните ветришта потребни се челични конструкции, кои се тешки за транспорт и инсталација. Исто така, потребни се и до 50.000 шрафови за се да биде цврсто и стабилно.
Дрвените турбини, пак, се склопени со моќен лепак, лесно може да се транспортираат парче по парче во обични камиони и се карбонски негативни затоа што за нивното производство не се испушта јаглерод диоксид.
Потенцијалната максимална висина на една дрвена турбина е 1.500 метри, што е 1- пати повеќе од моментално највисоката турбина.
Од Modvion велат дека за десетина години отсега 10% од турбините во светот ќе бидат направени од дрво.
За да се достигне глобална карбонска неутралност до 2050 година, потребно е инвестициите во чиста енергија да се зголемат трикратно – од моменталните 1,2 трилиони долари годишно на 4,4 трилиони до 2030 година.
(WEF)
(фото: Modvion)