На големиот автомобилски саем кој неделава се одржува во Женева се објавени резултатите од гласањето за најдобриот европски автомобил на годината. Жирито составено од 58 европски автомобилски новинари од 22 држави го избра Renault Scenic E-Tech, кој доби 329 бодиви и тоа е седмиот автомобил на Renault кој може да се пофали со титулата автомобил на годината.
После првиот круг од гласањето биле избрани првите финалисти за оваа титула: BMW серија 5, BYD Seal, Kia EV9, Peugeot E-3008/3008, Renault Scenic, Toyota C-HR и Volvo EX30, а сега кончено го знаеме и победникот.
Scenic E-Tech е електричен автомобил со мотор од 160kW (215KS) и батерија од 77kWh, која овозможува досег од 625 км и цена од 40.000 евра. Долг е 4,47 метри и има некои интересни опции како што е панорамскиот кров и OpenR Link инфотеинмент системот со интегрирани услуги на Google. За автомобил од оваа класа електричниот Scenic има цена со која добро им конкурира на конкурентите, а почетната цена се однесува на одредени пазари и може дополнително да се намали со субвенции.
Пред Scenic E-Tech уште шест возила од овој бренд ја понесоа титулата автомобил на годината: Renault 16 (1966), Renault 9 (1982), Clio (1991), Scenic (1997), Megane (2003) Clio (2006), додека минатата година најдобар автомобил во Европа беше Jeep Avenger.
(Renault)
(фото: Renault)