Оптички диск може да складира до 14.000 филмови во 4К резолуција

- Advertisement -

Научници од Универзитетот за наука и технологија во Шангај развија 3D оптички диск, кој има иста форма и големина како Blu-ray дисковите, но може да складира неверојатни 1,6 петтабити податоци.

За подобро да разберете за колкава меморија се работи, тоа се околу 200.000 GB простор, во кој може да се складираат. Тоа е под претпоставка дека најголем дел од филмовите имаат тежина од 14 GB.

- Advertisement -

Тајната на капацитетот на овој диск е неговиот 3D систем за складирање. Наместо пишување на податоци на еден слој, се користат 100 слоеви. Одредени точки од податоците се далеку помали отколку кај конвенционалните Blu-ray или DVD дискови.

„Податоците се снимаат со помош на точки широки 54 нанометри, што е отприлика 1/10 од големината на брановата должина на видливата светлина, која се користи за читање и пишување податоци, вели научникот Шарл ку Шоа. Charles Q. Choi.

- Advertisement -

Новата техника на снимање е овозможена со употреба на ласер за впишување на податоци и новоразвиениот материјал е осетлив на светлина наречена AIE-DDPR.

Она што е импресивно е дека еден таков нов празен диск може да се произведе со користење на конвенциоанлни техники за масовно производство во рок од 6 минути.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Rawpixel )

Сподели!
- Advertisement -