Пензионерите – клиенти на Халкбанк, февруарската пензија веќе ја имаат на својата сметка

- Advertisement -

Пензионерите кои своите пензии ги добиваат преку сметка во Халкбанк АД Скопје веќе денеска можат да располагаат со средствата.

Халкбанк на последниот ден од февруари, изврши исплата на февруарските пензии продолжувајќи ја праксата за предвремена исплата на пензии за сите оние пензионери кои се нејзини клиенти.

- Advertisement -

Иако од септември ланската година, со оглед на завршување на пандемијата, деловните банки ја прекинаа праксата за предвремена исплата на пензии и се вратија на стариот начин на исплата, односно на 1-ви во месецот директно од буџетот на државата, Халкбанк, согласно својата деловна политика и во интерес на своите клиенти продолжи со праксата за предвремена исплата на пензии.

Со цел на клиентите да им бидат достапни средствата до својот дом и да си го заштедат своето време им се овозможува достава на пензија на домашна адреса, благодарение на партнерството меѓу Македонска пошта АД и Халкбанк АД Скопје. Исплатата може да се изврши и на шалтерите во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија само за клиентите кои  имаат дадено согласност за трансакции преку пошта. За оваа услуга клиентите може да се пријават преку сите филијали на банката и преку сите шалтерски места на пошта.

- Advertisement -

Дополнително, пензионерите кои се клиенти на Халкбанк, имаат можност за  подигање готовина од сите банкомати во државата, без надомест, со Mastercard Debit Contactless меѓународната картичка, издадена од банката.

Па така, примателите на пензија во Халкбанк, како и сите претходни месеци и пред 1-ви можат слободно да располагаат со своите средства, односно да ги користат преку своите картички во продажната мрежа или да ги подигнат на банкоматите и филијалите на банката.

Сподели!
- Advertisement -