Тојота ќе инвестира две милијарди долари во Бразил

- Advertisement -

Јапонскиот производител на автомобили Тојота во вторник ќе објави инвестиција од 11 милијарди реали (2,2 милијарди долари) во Бразил во следните неколку години, изјави во неделата потпретседателот на јужноамериканската земја.
Тојота во соопштение претходно во неделата, откако локалните медиуми првпат објавија за новите инвестиции, рече дека нема коментар за потенцијалните идни планови.

Бразилскиот потпретседател и министер за индустрија Гералдо Алкмин на социјалните мрежи изјави дека инвестициите ќе бидат претставени на настан во фабриката на Тојота во градот Сорокаба, државата Сао Паоло.

- Advertisement -

Тој додаде дека со инвестициите се очекува отворање на 2.000 работни места и лансирање на нови модели.

Колумнистот на локалниот весник „О Глобо“, Лауро Жардим, кој претходно во неделата објави за планираната инвестиција, рече дека Тојота ќе произведува хибриден автомобил и спортско возило (SUV) во единицата Сорокаба, без да прецизира кои модели.

- Advertisement -

Тојота ќе биде последниот глобален производител на автомобили што ќе ги открие плановите за дополнителни инвестиции во Бразил оваа година, по компаниите како Фолксваген, Џенерал Моторс и Хјундаи Мотор.

Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -