Во Берлин фрлањето отпушок на земја ќе се казнува со 250 евра

- Advertisement -

Германскиот главен град има голем проблем со илегалното фрлање отпад, а тоа го вклучува и фрлањето отпушоци од цигари насекаде. Токму затоа оддлни политичари предложија високи казни за таквиот прекршок.

Политичарите во Берлин планираат значително да ги зголемат казните за илегално фрлање отпад во градот. Тоа произлегува од предлогот на претставниците на Христијанската демократска унија и на Сцоијалдемократкста партија.

- Advertisement -

Илегалното фрлање отпушоци, пластични кеси или чаши за еднократна употреба наскоро граѓаните може да ги чини 250 евра наместо досегашните 55 евра. Промените се итно потребни, велат од Христијанската демократска унија, кои помогнале во креирањето на каталогот со казни.

Само за 2023 година се очекува трошоците на Берлинската градска чистота да достигнат 12 милиони евра.

- Advertisement -

(Bizlife.rs)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -