Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска ќе го отвори НАТО – Индустрискиот ден во Северна Македонија на кој ќе учествуваат високи претставници на двете агенции на Алијансата – НАТО Агенцијата за поддршка и набавки (NSPA) и НАТО Агенцијата за комуникации и информации (NCIA).
Ќе учествуваат и претставници на стопанските комори, голем број македонски компании и претставници на академската заедница.
-Покрај министерката Петровска, на отворањето на Индустрискиот ден ќе се обратат и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, генералната менаџерка на НАТО Агенцијата за поддршка и набавки, Стејси Камингс, и шефицата за набавки во НАТО Агенцијата за комуникации и информации, Џенифер Аптон, информира Министерството за одбрана.
Со членството на Северна Македонија во НАТО се отвори можност за учество на македонските компании на НАТО-пазарот вреден околу 5 милијарди евра годишно.
Со цел поддршка на компаниите во процесот на добивање на потребните сертификати за учество на тендерите на НАТО-пазарот, Министерството креираше Центар за поддршка на компаниите.
Извор – Бизнис вести