Живописниот сицилијански град Мaсомели пред 7-8 години нудеше примамлива понуда за сите- куќи по 1 евро. Според градоначалникот на градот, иницијативата почнала во 2017 година , а резултирала со целосна обнова на некогаш недоволно населениот град. Оваа понуда привлекла туристи, вработени кои работат од дома и инвеститори.
Во документарец за Business Insider велат дека градот пред имплементацијата на програмата се соочувал со големи проблеми на депопулација. После Втората светска војна населението постојано се намалувало од 25.000 на околу 10.000 затоа што ќителите постојано мигрирале во САД во потрага по подобар живот.
Зад себе оставиле празни куќи, посебно во Стариот град. Поради тоа останале доволно куќи за да примат околу 4.000 луѓе, но немало ни приближно жители за да ги населат.
Инспирирани од програмите за 1 евро од други делови на земјата, Месомели покренива веб страница наменета за странци, рекламирајќи ги куќите за 1 евро. Одѕивот бил огромен и во првите пет години биле продадени околу 300 куќи, што е околу 95% од куќите кои се нуделе за едно евро.
Сега во градот може да се видат многу луѓе од сите делови во светот, кои зборуваат англиски, француски, и шпански и сега живеат во градот. Програмата не само што придонела за зголемување на бројот на жители, туку процветал и туризмот.
Пандемијата на Ковид-19 привлекла и луѓе кои работат од дома, од кои многумина се одлучиле да останат да живеат таму поради бавното темпо на живот и ниските трошоци.
Растот на градот привлекол и значајни инвестиции, како, на пример, десетина милиони евра од ЕУ и од италијанската влада. Тие средства се наменети за нови патишта и преуредување на централниот плоштад.
(Bizlife)