ВИДЕО: Најголемата 3Д печатена зграда во Европа изградена за 140 часа

- Advertisement -

Градо Хајделберг, компаниите PERI 3D Construction, KRAUSGRUPPE и COBOD свечено го отворија дата центарот во Хајделберг кој воедно претставува и највисока 3Д печатена зграда во Европа. Естетски привлечната и интересна зграда со брановит профил ја дизајнирале архитекти на компанијата SSVi Mense Korte со вградување брановито обликувани ѕидови, што е можно да се направи само со технологија за 3Д печатење конструкции.

Користејќи го принтерот BOD2 на компанијата COBOD International, PERI ги заврпил ѕидовите со брзина од 4 квадратни местри на часа на вкупна површина од 600 m2, како што можете да видите од видеото во прилог.

- Advertisement -

Поради типичниот недостиг на прозорци и големи отвори од безбедносни и други причини, дата центрите изгледаат досадно и неинспиративно, а предизвикот кој го решиле во проектот во Хајделберг архитектите на SSV и Mense Korte на ѕидовите им дале брановит дизајн, од каде што потекнува името на зградата – The Wave House.

Брановитиот дизајн не можел да се реалзиира со конвенционални методи на градба, па наместо тоа користеле технологија за 3Д печатење. Покрај тоа, таквите ѕидови се поиздржливи на потреси и може да се градат во сеизмички активни подрачја благодарение на уникатниот дизајн и на користењето специјална бетонска смеса за печатење.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -