На панел на американскиот Конгрес беше одобрен закон со кој матичната компанија на TikTok, со седиште во Кина, се принудува да ја продаде апликацијата во рок од шест месеци или да се соочи со забрана.Оваа мерка ја донесе вториот одбор на Претсавничкиот дом и ја поддрша Белата куќа поради загриженоста за националната безбедност на земјата.
Од TikTok изјавија дека со предложениот закон се наштетува на слободата на говор и на малите компании кои зависат од апликацијата. Ги повикаа своите корисници да се обратат до членовите на Конгресот и да го изразат своето противење на мерката. Овој кинески гигант за BBC потврди дека испратил известување во кое ги повикува сите тиктокери веднаш да ги повикаат претставниците на своите држави и да апелираат да гласаат против оваа мерка.
Се очекува дека овој нацрт-закон ќе оди на гласање во Претставничкиот дом во текот на наредната недела. Сенатот тоа би морал да го одобри пред да стане закон. Со нацрт-законот се обврзува да се заштити националната безбедност на САД од заканите кои ги претставуваат апликациите кои го контролираат противнички страни.
Законодавците тврдат дека матичната компанија на TikTok, BiteDance, има конекции со Комунистичката партија на Кина, иако тоа го демантираат и BiteDance и TikTok. Во законот посебно се споменува BiteDance, кој според условите на законот, ќе биде приморана да го продаде TikTok или да се соочи со отстранување на оваа апликација од продавниците за мобилни апликации во САД. Не содржи никакви одредби за поединечните корисници на апликацијата и дали треба да се соочат со правни постапки.
Од TikTok на платформата X напишаа дека со овој закон се погазуваат правата од Првиот амандман на 170 милиони Американци и 5 милиони мали компании се лишуваат од оваа платформа од која зависи нивниот раст и отворањето нови работни места.
(Bizlife)
(фото: Flickr)